Совет на Општина Центар

Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните и го сочинуваат дваесет и три претставници на граѓаните избрани на општи непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Мандатот на членовите на Советот трае четири години.

Членот на Советот има право и должност:
  • да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината;
  • да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
  • да бара од администрацијата на Општината, како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
  • да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која членува;
  • да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.