Претседател на Советот

Владимир
Здравев е дипломиран машински инженер, роден на 20
октомври 1973 година во Скопје. Гимназија завршил 1992 година во „Орце
Николов", а 1998 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во
Скопје, отсек заварување и заварени конструкции.
Работно искуство:
1995-1996 година во приватнатна фирма Рисо-информатика,
претставништво на BASF magnetics. Од 1999
година во Министерство за трговија, во Секторот за трговска промоција,
поддршка на извозот и маркетинг истражување. Од 2001 година работи во
Министерство за финансии, Управа за јавни приходи, како раководител на
Секторот за фискална автоматизација на Управата за јавни приходи -
Генерална дирекција, а истовремено и како проект менаџер на работната
група на проектот за електронска форма и дигитален потпис.
Учествувал на голем број курсеви и семинари,
на кои се има стекнато со неколку сертификати во областа на менаџментот,
безбедносни операции и од областа на маркетингот. Има
високо познавање од компјутери, одлично го владее англискиот јазик.
Владимир Здравев е член на
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.