Општина Центар е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во оваа политика за приватност се наведени видовите лични податоци кои се примаат и се собираат при користење на веб-локацијата на општина Центар (www.centar.gov.mk), како и некои од чекорите кои општина Центар ги презема за нивна заштита.
Внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-локацијата значи прифаќање на оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со условите наведени во оваа Политика за приватност, Ве молиме не користете ја веб-локацијата. Оваа Политика за приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани локално и на веб-локации до кои се поставени врски на веб-локацијата.
Политиката за приватност на општина Центар се заснова врз Законот за заштита на лични податоци. Пречистениот текст на Законот во електронска форма може да се најде на веб-локацијата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (www.dzlp.mk).
Основни одредби
Сите лични податоци под контрола на општина Центар добиени преку веб-локацијата се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.
Личните податоци под контрола на општина Центар се користат само за намената за која се собрани, а ако има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.
Политика на општина Центар е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, ако е определен со договор или закон.
Податоците кои се прибираат автоматски преку веб-локацијата на општина Центар се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници.
Во случај на криминална истрага, општина Центар се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-локацијата се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-локација, кога дневниците на записи (логови) може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.
Користење колачиња
Веб-локацијата на општина Центар користи колачиња во следните случаи:
- За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на анкетата.
- При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на тековната сесија.
Серверски дневници на записи (логови)
За веб-локацијата на општина Центар соодветниот давател на веб-хостинг води дневници на записи на серверот во кои се запишува ИП-адреса, веб-прегледувач, датум и време на пристап и преземена датотека од веб-локацијата, за секоја таква операција. Со овие дневници на записи се постапува во согласност со општите одредби или индивидуалната политика за приватност на давателот на веб-хостинг, којшто е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.
Според важечките прописи во РМ, правните лица кои обезбедуваат интернет-услуги се должни да ги чуваат податоците за сообраќајот (содржани во серверските дневници на записи) најмалку 24 месеци по нивното создавање со цел да бидат на располагање на соодветните истражни органи, во постапка регулирана со закон.
Давателот на веб-хостинг за веб-локацијата на општина Центар (www.centar.gov.mk) е компанијата ОНЕ Телекомуникациски услуги ДОО - Скопје (Кузман Јосифовски – Питу 15, Скопје, е-пошта info@one.mk).
Е-пошта
Официјалната преписка преку е-пошта со вработените во општина Центар станува дел документарниот материјал кој општина Центар е обврзана, во зависност од карактерот на преписката, да го чува од 1 до 5 години, врз основа на член 12 од Упатството за начинот и техниките на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење (Сл. Весник на РМ бр. 60/97).
Запишувањето на поштенските листи на општина Центар е исклучиво на доброволна основа. Согласноста на членовите се обезбедува преку автоматско барање потврда за запишување во поштенската листа по внесувањето на нивната адреса за е-пошта во списокот преку веб-локацијата. Контакт За сите прашања поврзани со вашите лични податоци складирани од страна на општина Центар можете да се обратите до одговорното лице преку е-пошта itsektor@centar.gov.mk.