авг
19

СООПШТЕНИЕ ЗА КУЌНИТЕ СОВЕТИ

 Одлуки и известувања



Ги известуваме сите жители на Општина Центар – сопственици на посебните делови на станбените згради дека им излагаме во пресрет при постапката за регистрација на заедницата на сопственици, со тоа што од Општината можат да ги подигнат примероците на сите потребни акти за регистрација согласно Законот за домување.
Станува збор за следните обрасци:

-Соопштение за свикување на Собир на сопственици

-Дневен ред за Собир на сопственици

-Записник од конститувниот состанок на Собир на сопственици

-Предлог одлука за основање на Заедница на сопственици како правно лице

-Предлог одлука за донесување на Статут на Заедница на сопственици

-Статут на Заедница на сопственици

-Договор за взаемни односи помеѓу сопствениците на посебните делови од станбената зграда
-План за одржување на станбената зграда и станови

-Општи одредби на куќниот ред

Сите овие обрасци можат да се подигнат од Граѓанскиот информативен центар во Општина Центар барака бр.4 секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Исто така истите се објавени и на веб страницата на Општината: www.opstinacentar.gov.mk
 
      ОПШТИНА ЦЕНТАР




КУЌЕН РЕД.DOC  Delete
ПЛАН ЗА ОДРЖУВАЊЕ.DOC  Delete
ПОКАНА ЗА СОБИР НА СОПСТВЕНИЦИ.DOC  Delete
ДОГОВОР ЗА ВЗАЕМНИ ОДНОСИ.DOC  Delete
СТАТУТ НА ЗАЕДНИЦА НА СОПСТВЕНИЦИ.DOC  Delete
ЗАПИСНИК ОД СОБИР НА СОПСТВЕНИЦИ.DOC  Delete
ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЗАЕДНИЦА.DOC  Delete
СООПШТЕНИЕ ЗА СОБИР НА СОПСТВЕНИЦИ.DOC  Delete
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА СТАТУТ.DOC  Delete
 
Како би ја оцениле оваа информација

1 2 3 4 5
Најлошо Најдобро

Оценување:
1 2 3 4 5
 12 ја имаат оценето оваа содржина

Оставете коментар

Ве молиме најавете се за да оставите коментар