јан
24

Акција за уредување на дрвореди и грмушки во Општина Центар

 Акции и проекти


Во периодот од 2 до 15 февруари, Општина Центар во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило ќе спроведе голема акција за уредување на постоечките дрвореди и грмушки на јавни зелени површини со кастрење на гранките и кроење, но и сечење на старите, суви и уништени дрвја на целата територија на Општината, согласно проценката на стручните лица.
Акцијата на терен ќе ја спроведат екипите на ЈП Паркови и зеленило со помош на работниците за јавни работи од Општина Центар, по одреден Акционен план, подготвен согласно барањата од граѓаните, во кој се опфатени сите населби во Општината. За активностите што ќе се извршуват, обезбедени се Решенија од Секторот за комунални работи на Град Скопје.
Целта на акцијата е да се подготват дрвјата и грмушките за пролетното раззеленување и цутење, а притоа да се спречат проблемите од обраснатост и штетите што ги предизвикуваат врз електричните инсталации.
Распоредот на активностите по денови ќе биде објавен на јавни соопштенија во урбаните заедници на различни локации, со цел граѓаните со преместување на возилата, да овозможат движење на механизацијата по улиците и тротоарите и извршување на активностите.
Со цел да се овозможи поголема успешност на акцијата, ги покануваме граѓаните, во период до 1 февруари 2012 година, да пријават предлог за кастрење и сечење дрвја, со цел да бидат навремено вклучени во акцијата. Пријавите доставете ги писмено до Општината или на е-маил: ekologija@centar.gov.mk

 
Како би ја оцениле оваа информација

1 2 3 4 5
Најлошо Најдобро

Оценување:
1 2 3 4 5
 0 ја имаат оценето оваа содржина

Оставете коментар

Ве молиме најавете се за да оставите коментар