фев
3

ФРЛЕНИ 52 ТОНИ СОЛ ПО УЛИЦИТЕ ВО ЦЕНТАР

 Акции и проекти


По обилните снежни врнежи, надлежните од Општина Центар, постојано ја следат состојбата на терен и интервенираат според потребите. Мобилните екипи во текот на овие два дена излегоа на терен и навремено ги расчистуваа новите снежни вренежи со две специјални возила соларки.
За да се спречи појавата на голомразица, на коловозите на сите собирни и сервисни улици во Центар и на така наречените "црни точки”, досега се фрлени вкупно 52 тони сол. Во расчистувањето на улиците се приклучија и сезонските работници на Општина Центар, кои беа стационирани на пешачките патеки на приодите кон основните училишта, детските градинки и амбасадите кои се на територија на Центар.
Се интервенираше во близина на амбасадите и критичните точки на Водно на улиците: Питу Гули, Ацо Караманов, Боро Петрушевски, Елисие Поповски, Партение Зографски, Славејко Арсов; во населбата Капиштец на улиците: Народен фронт, Козара и Капишец. Исто така екипите расчистуваа и во централното градско подрачје на улиците: 29 Ноември, Дебарца, Никола Тримпаре, Димитрие Туцовиќ, Ленинова, Орце Николов, Никола Вапцаров, Петар Поп Арсов, Киро Крстевски Платник, Иван Милутиновиќ, Пролет, Велешка, Крушевска Република и други.
Фирмата "Анизор” која е ангажирана од Општина Центар, за расчистување на снегот со механизацијата со која располага, 24 часа да ја следи состојбата на терен и интеревнира во текот на целиот зимски период.
Општина Центар апелира до сите граѓани и правни лица, дека во согласност со Законот за јавна чистота, имаат должност веднаш при снежните врнежи во зимски услови да започнат со чистење на снегот пред јавните и колективните објекти за домување, како и на отворените простории пред јавните објекти, со цел да се обезбеди непречен пристап до објектите.

Превземања: 6
Превземања: 5
Превземања: 5
Превземања: 4
Превземања: 5
 
Како би ја оцениле оваа информација

1 2 3 4 5
Најлошо Најдобро

Оценување:
1 2 3 4 5
 3 ја имаат оценето оваа содржина

Оставете коментар

Ве молиме најавете се за да оставите коментар