јул
26

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Нацрт на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план централно градско подрачје на Град Скопје “Мал Ринг” дел од Блок 1, Блок 4, Блок 5, Блок 6 и Блок 7 Општина Центар – Скопје

 Јавни анкети


Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.51/05, 137/2007 и 91/2009) член 50 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ 5/02) и член 36 став 1 точка 16 од Статутот на Општина Центар – Скопје (Службен гласник на Општина Центар бр.1/06), Градоначалникот на Општина Центар го издава следното


С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од централно градско подрачје дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за организирање


ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА


по Нацрт на Изменување и дополнување на Детален урбанистички  план централно градско подрачје на Град Скопје "Мал Ринг” дел од Блок 1, Блок 4, Блок 5, Блок 6 и Блок 7 Општина Центар – Скопје.

Границите на опфатот се :

- На север Булеварот "Гоце Делчев”
- На Исток Булеварот "Војвода Васил Аџиларски”
- На Југ Булеварот "Даме Груев”
- На Запад Булевар "Даме Груев” и Булевар "ВМРО”
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 54.00ха.

Јавната презентација по Нацрт на Изменување и дополнување на Детален урбанистички  план централно градско подрачје на Град Скопје "Мал Ринг” дел од Блок 1, Блок 4, Блок 5, Блок 6 и Блок 7 Општина Центар – Скопје ќе се одржи во просториите на Урбаната заедница Мирче Ацев на ден 28.07.2010 година (среда) во 10,00 часот.

Нацрт на Изменување и дополнување на Детален урбанистички  план централно градско подрачје на Град Скопје "Мал Ринг” дел од Блок 1, Блок 4, Блок 5, Блок 6 и Блок 7 Општина Центар – Скопје ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница Мирче Ацев, 12 работни дена сметано од денот на објавувањето на Соопштението секој работен ден од 10-17 часот, односно од 26.07.2010 до 11.08.2010 година.

Контакт телефон 3203605

Во определениот рок заинтерисираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови.
 
Како би ја оцениле оваа информација

1 2 3 4 5
Најлошо Најдобро

Оценување:
1 2 3 4 5
 12 ја имаат оценето оваа содржина

Оставете коментар

Ве молиме најавете се за да оставите коментар