ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Нацрт на Измена и дополнување на Детален урбанистички план “Дебар Маало 2” дел од блок 14 Општина Центар– Скопје
Јавни анкети
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.51/05, 137/2007 и 91/2009) член 50 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ 5/02) и член 36 став 1 точка 16 од Статутот на Општина Центар – Скопје (Службен гласник на Општина Центар бр.1/06), Градоначалникот на Општина Центар го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица од централно градско подрачје дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за организирање
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
по Нацрт на Измена и дополнување на Детален урбанистички план "Дебар Маало 2” дел од блок 14 Општина Центар– Скопје.
Границите на опфатот се :
На исток границата оди по осовината на булеварот Климент Охридски;
На југ границата оди по осовината на булеварот Партизански одреди;
На запад границата оди по осовината на Ленинова;
На север границата оди по осовината на улица Пиринска
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 1.49 ха
Јавната презентација по Нацрт на Измена и дополнување на Детален урбанистички план "Дебар Маало 2” дел од блок 14 Општина Центар– Скопје ќе се одржи во просториите на Урбаната заедница Мирче Ацев на ден 28.07.2010 година (среда) во 10,30 часот.
Нацрт на Измена и дополнување на Детален урбанистички план "Дебар Маало 2” дел од блок 14 Општина Центар– Скопје ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница Мирче Ацев, 12 работни дена сметано од денот на објавувањето на Соопштението секој работен ден од 10-17 часот, односно од 26.07.2010 до 11.08.2010 година.
Контакт телефон 3203605
Во определениот рок заинтерисираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови.