Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.51/05, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 и 53/11), Градоначалникот на Општина Центар го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица од oпфатот на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Голем Ринг јужен дел – Исток , Општина Центар – Скопје, Предлог план, дека Градоначалникот на Општина Центар донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
ПО ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГОЛЕМ РИНГ ЈУЖЕН ДЕЛ – ИСТОК , ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ, ПРЕДЛОГ ПЛАН
Границата на зафатот е прикажана во графичките прилози:
- На северозапад оди по осовината на бул.„Даме Груев" и ул.„В.В.Аџиларски";
- На север оди по осовината на ул.„Мирче Ацев";
- На југозапад оди по осовината на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин";
- На југисток границата оди по осовината на бул.„Кочо Рацин".
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува16,21ха.
Јавната презентација по Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Голем Ринг јужен дел – Исток , Општина Центар – Скопје, Предлог план, ќе се одржи во просториите на Урбана заедница „Роберт Гајдиќ",бул.„Кочо Рацин" бб , на ден 24.01.2012 година (вторник) во 10,30 часот.
Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Голем Ринг јужен дел - Исток, Општина Центар – Скопје, Предлог план, ќе биде изложен во просториите на Урбана заедница „Роберт Гајдиќ", бул.„Кочо Рацин" бб, 10 работни дена, секој работен ден од 10 -17 часот, односно од 13.01.2012 година до 27.01.2012 година.
Одделение за урбанизам и просторно планирање,контакт телефон:3203 660,3203 605
Во определениот рок заинтерисираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.