ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА по Предлог Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Буњаковец 1– УМ 17 Општина Центар, Скопје
Јавни анкети
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање /"Службен весник на РМ ” бр.51/05 и 137/07/, Градоначалникот на Општината Центар, го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица од oпфатот на Буњаковец 1– УМ 17 дека Градоначалникот на Општина Центар донесе Решение за организирање на
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА
по Предлог Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Буњаковец 1– УМ 17 Општина Центар, Скопје
Јавната презентација по Предлог Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Буњаковец 1– УМ 17 Општина Центар, Скопје ќе се одржи во ОУ Јохан Хајнрих Песталоци на ден 21.07.2010 година /среда/ во 1200 часот.
Времетраењето на Јавната анкета по Предлог Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Буњаковец 1–УМ 17 Општина Центар, Скопје се продолжува за уште пет работни дена, односно до 23.07.2010 година.
Контакт телефон 3203605