јан
18

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТ “ПАРК”-КЛОН НА ГРАДИНКАТА “13 НОЕМВРИ”

 Акции и проекти


Изминатиот период Општина Центар изврши реконструкција на објектот "Парк”-клон на детската градинка "13 Ноември”. Потребното реконструирање вклучуваше промена на фасадата на површина од 1150 метри квадратни, со нова термопан демит фасада, која што целосно се молериса со бои отпорни на атмосферски влијанија. 
Се изврши промена и на целата фасадна столарија со тројно термопан стакло, што овозможува објектот да има исклучително заштитно влијание со подобрување на  квалитетот од топлина и намалување на бучавата. На влезот и терасите од градинката, се поставија нови гранитни плочки.    
Исто така, се изврши реконструкција и во внатрешноста на оваа градинка. При тоа беше извршена: промена на постојната дотраена водоводна и фекална канализација, поставени се нови санитарни елементи и галантерија, нови подни и ѕидни керамички плочки во повеќе простории (тоалети, кујни, ходници, скали, перална и подрумски дел). Целосна реконструкција беше извршена во главната кујна на грaдинката. 
Со поставување на нов модерен и високо квалитетен дабов паркет, сите занимални простории во кои што што престојуваат и си играат дечињата, добија нов изглед. Набавени се и нови шкавчиња, полици, целото топловодно радијаторско греење се исчисти и санира, а се молерисаа и сите простории. Исто така, Општина Центар хортикултурно го облагороди и дворот на градинката, со цветен расад од 200 љубичици во разновидни бои.

Превземања: 5
Превземања: 4
Превземања: 5
Превземања: 4
Превземања: 4
Превземања: 4
Превземања: 4
 
Како би ја оцениле оваа информација

1 2 3 4 5
Најлошо Најдобро

Оценување:
1 2 3 4 5
 1 ја имаат оценето оваа содржина

Оставете коментар

Ве молиме најавете се за да оставите коментар