Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.51/05, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 и 53/11), Градоначалникот на Општина Центар го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица од oпфатот на Детален урбанистички план локалитет Крњево 2 , Општина Центар – Скопје, дека Градоначалникот на Општина Центар донесе Решение за организирање на
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО
НАЦРТ – ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЛОКАЛИТЕТ КРЊЕВО 2, ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
Границата на зафатот е прикажана во графичките прилози и е дефинирана помеѓу:
- На северозапад по осовината на ул.„Христијан Тодоровски Карпош" ;
- На североисток по осовината на крак од бул.„Александар Македонски";
- На југоисток по осовината на улица „Беласица";
- На југозапад по осовината на бул.„Гоце Делчев".
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 11,09 ха.
Повторна Јавна презентација по Нацрт – Детален урбанистички план локалитет Крњево 2, Општина Центар – Скопје, ќе се одржи во амфитеатарот на УКИМ Правен факултет „Јустинијан Први"(Бул.„Крсте Петков Мисирков" бб), на ден 12.01.2012 година (четврток) во 13,00 часот.
Нацрт – Детален урбанистички план локалитет Крњево 2, Општина Центар – Скопје ќе биде изложен во амфитеатарот на УКИМ Правен факултет „Јустинијан Први"(Бул.„Крсте Петков Мисирков" бб),секој работен ден од 10 -17 часот, односно од 03.01.2012 година до 18.01.2012 година.
Одделение за урбанизам и просторно планирање,контакт телефон: 3203 660,3203 605
Во определениот рок заинтерисираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.