фев
2

Проект за селекција на пластичен отпад „Собери ПЕТ да добиеш 5“

 Акции и проекти


Општина Центар, во соработка со Здружение на граѓани ОРТ, Скопје и ЈП Комунална Хигиена, започнува спроведување на проект за собирање отпадна пластична амбалажа и нејзина преработка, насловен „Собери ПЕТ да добиеш 5" со цел намалување на пластичниот отпад од вкупниот отпад во депонијата Дрисла.

Проектот ќе се спроведува 14 месеци, поддржан од ГЕФ проектот за мали грантови, Македонија и опфаќа серија активности:
- Спроведување на организирано собирање на пластични шишиња во одредени пунктови во секое училиште и транспорт до фирма за преработка,
- Едукативни работилници,
- настани за одбележување на еколошки празници,
- наградни игри и натпревари помеѓу училиштата.

За сите училишта обезбедени се термо - преси за пресување на пластични шишиња, за намалување на волуменот, пред нивното одлагање и транспортирање до фирмата за преработка.
Со проектот, се воспоставува организиран и затворен систем за третман на пластичниот отпад, од неговото собирање, намалување на волуменот и преработка до секундарни суровини.
Средствата од продажбата на пластичниот отпад, според собраната количина ќе бидат префрлени на основните училишта за обнова на училиштата или купување на училишни материјали и прибор за настава.

Превземања: 8
Превземања: 8
Превземања: 10
 
Како би ја оцениле оваа информација

1 2 3 4 5
Најлошо Најдобро

Оценување:
1 2 3 4 5
 4 ја имаат оценето оваа содржина

Оставете коментар

Ве молиме најавете се за да оставите коментар