јул
1

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Буњаковец 2– УМ 1.5 Општина Центар, Скопје

 Јавни анкети



Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање /"Службен весник на РМ ” бр.51/05 и 137/07/, Градоначалникот на Општината Центар, го издава следното


С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од oпфатот на Буњаковец 2– УМ 1.5 дека Градоначалникот на Општина Центар донесе Решение за организирање на


ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
по Предлог Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Буњаковец 2– УМ 1.5 Општина Центар, Скопје


Границите на опфатот се :
Од Север: По осовина на Булевар "Партизански одреди”;
Од Исток: По осовина на улица "Мирче Оревчанец ”,
Од Запад: По осовина на улица "Франклин Рузвелт”,
Од Југ: По осовина на улица "Иван Милутиновиќ ”

Опфатот е со површина од 1,48 ха

Јавната презентација по Предлог Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Буњаковец 2– УМ 1.5 Општина Центар, Скопје  ќе се одржи во ОУ Јохан Хајнрих Песталоци на ден 05.07.2010 година /понеделник/ во 1000 часот.

Предлог Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Буњаковец 2– УМ 1.5 Општина Центар, Скопје  ќе биде изложен во просториите на ОУ Јохан Хајнрих Песталоци, 10 работни дена, сметано oд денот од објавувањето, секој работен ден од 10 -17 часот, односно од 02.07.2010 година до 15.07.2010 година.

Контакт телефон 3203605

Во определениот рок заинтерисираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.








 
Како би ја оцениле оваа информација

1 2 3 4 5
Најлошо Најдобро

Оценување:
1 2 3 4 5
 3 ја имаат оценето оваа содржина

Оставете коментар

Ве молиме најавете се за да оставите коментар