РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО ДЕБАР МААЛО
Акции и проекти
Во изминатиот период, Општина Центар, според утврдената комунална програма, опфати реконструкција на повеќе општински улици. Реконструирањето се изведе во Дебар Маало и тоа на улиците: ”Благоја Давков”, ”Дане Крапчев”, "Славка Недиќ” и ”487”.
Градежните работи вклучуваа вадење на горниот слој на асфалтот со машинско гребење и поставување на нова асфалтна маса со висок квалитет и поплочување на тротоарите со бехатон плочки. На сите улици претходно се реконструираше атмосферската канализација.
Асфалтирањето на коловозот на ул."Благоја Давков” се изведе во должина од 130 метри. Улицата "Славка Недиќ” се покри со нов слој асфалт во должина во 160 метри и широчина 8 метри , како и ул. "Дане Крапчев” со вкупна должина од 200 метри и широчина од 10 метри. Заврши и асфалтирањето на ул. "487” во должина од 100 метри и широчина од 8 метри. Во близина на горе споменатите улици се реконструираше и мал дел на коловозот од ул. "Дебарца” во должина од 70 метри и широчина од 12 метри.
За жителите на Дебар Маало и граѓаните кои што поминуваат со своите автомобили по овие улици, веднаш по нивната реконструкција, можат да забележат подобар и послободен проток на возилата во сообраќајот.