МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Настани
Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, минатата година беше во четиридневна посета во Тун, Швајцарија. Посетата во Тун кој е трет град по големина во Кантонот Берн, се реализираше од 1 до 4 декември 2011 година.
Градоначалникот Тодоровиќ во Тун беше на официјална покана на градоначалникот на градот Тун, Рафаел Ланц, а целта на посетата беше заедничко запознавање на градоначалниците од двете општини и меѓународна соработка врз основа на воспоставен контакт.
На посетата беа разменети и презентирани искуства, а воедно беше дискутирано дека постојат услови за долгорочна меѓусебна соработка на локално ниво, особено за унапредување во областа на локалниот економски развој, образованието, науката, културата, туризмот и спортот.
И двата градоначалници се согласија дека постои позитивна клима во интерес на продлабочување и јакнеење на пријателската соработка.