Пример на уплатници за уплата на административна такса

Член 59-д став 1 од Законот за градење 
("Службен весник на РМ” бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11 и
54/11):

Надлежниот орган кој го издал одобрението за градење е должен, во рок од три дена од правосилноста на одобрението за градење, да достави примерок од истото со примерок од заверениот основен проект или проектот на изведена состојба до надлежниот орган за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите заради прибележување во јавната книга во која е запишано правото врз земјиштето и примерок до надлежниот градежен инспектор.

Членот 96 од Законот за градење:
(1) Постапката за запишување на објектот во јавната книга на недвижности ја спроведува надлежниот орган од членот 58 на овој закон кој го издал одобрението за градење.
(2) За градбите од прва категорија органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот е должен во име и за сметка на инвеститорот да достави барање за запишување на градежниот објект во јавната книга на недвижности, до надлежниот орган за запишување на правата на недвижности, во рок од три работни дена од денот на приемот на геодетски елаборат за извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности од страна на инвеститорот согласно со пресметката од членот 59 став (15) на овој закон.
(3) За градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон, општината е должна во име и за сметка на инвеститорот да достави барање за запишување на градежниот објект во јавната книга на недвижности, до надлежниот орган за запишување на правата на недвижности, во рок од три работни дена од денот на приемот на извештајот на надзорниот инженер со геодетски елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности од страна на инвеститорот согласно со пресметката од членот 59 став 
(15) на овој закон, а за објектите за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 во рок од три работни дена од денот на приемот на изјава од изведувачот со геодетски елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности од страна на инвеститорот согласно со пресметката од членот 59 став 
(15) на овој закон.
(4) Надлежниот орган за запишување на правата на недвижности, градежниот објект ќе го запише во јавната книга на недвижности по поднесено барање од органите од ставовите (2) и (3) на овој член кон кое се поднесува основен проект или проект на изведена состојба доколку се извршени измени во текот на изградбата, геодетски елаборат од извршен премер на објектот, како и одобрение за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон, извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер за градбите од втора категорија од членот 
57 на овој закон, односно изјава заверена од нотар дадена под полна материјална и кривична одговорност од изведувачот со која е потврдено дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба, за градбите наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2.

Закон за катастар на недвижности ("Службен весник на РМ” 
бр. 40/2008, 158/2010, 51/2011)

Предбележување - член 133
(1) Предбележување е условното укнижување на стекнувањето или престанокот на правото на сопственост на недвижност кога е поднесена пријава за запишување во катастарот на недвижностите, а не се исполнети правните претпоставки, односно условите за запишувањето од членот 130 на овој закон и доколку основот за конечното укнижување не е достатно застапен.
(2) Во катастарот на недвижностите се предбележува и правото на сопственост на зграда и посебен дел од зграда кога се во фаза на градба со запишување на податоци за лицата кои имаат право на градење согласно со одобрението за градење и податоци за зградите и посебните делови од згради преземени од основниот проект заверен од надлежен орган.
(3) Со доставување на доказ дека се исполнети правните претпоставки, односно условите за запишувањето од членот 130 на овој закон се брише предбележувањето и истовремено се укнижува правото на сопственост.
(4) Правното дејство на предбележувањето се состои во тоа што се обезбедува првенство на укнижување доколку самото предбележување биде потврдено согласно со условите за запишување на правата определени со закон.

Прибележување - член 134
(1) Прибележување е запишување на факти кои се од влијание за недвижностите, а кои се однесуваат на:
- лична состојба на носителот на правото (малолетност, починато лице, старателство, одземање на деловна способност, продолжување на родителско право, управување со заеднички имот на брачни другари, ликвидација, реорганизација, стечајна постапка и друго),
- фактот дека на одредена катастарска парцела во тек е изведување на градба за што е извршено предбележување на правото на сопственост на зграда и посебен дел од зграда кога е во фаза на градба со назначување на бројот на листот за предбележување на градба,
- правото на залог (хипотека) на предбележаното право на сопственост на зграда и посебен дел од зграда кога е во фаза на градба, како и
- правните дела за промет на предбележаното право на сопственост на зграда и посебен дел од зграда кога е во фаза на градба.
(2) Во катастарот на недвижности се прибележуваат и други факти кои се од значење за стекнување, измена, престанок или пренос на правата на недвижноста чие прибележување е предвидено со друг закон.

Пример на уплатница за уплата на административна такса во висина од 165,00 денари - цел на дознака - надоместок за предбележување

Назив на примачот:           Трезорска сметка- Буџет на Општина Центар

Банка на примачот:            Народна Банка на Република Македонија

Сметка:   100000000063095

Уплатна сметка:             840 182 06527

Приходна шифра и програма:  717138 00

Повикување на број:

Цел на дознака:           Уплата на надоместок за предбележување



Пример на уплатница за уплата на административна такса во висина од 50,00 денари со цел на дознака предбележување,

Примач - Буџет на РМ Банка - НБРМ

Трансакциска сметка: 100000000063095

Износ МКД   50,00 денари

Уплатна сметка:          840 177 03161

Приходна шифра и програма:  722313 00



Пример на уплатница за уплата на административна такса во висина од 250,00 денари - цел на дознака - надоместок за прибележување на градба на градежен објект

Назив на примачот:           Трезорска сметка- Буџет на Општина Центар

Банка на примачот:            Народна Банка на Република Македонија

Сметка:   100000000063095

Уплатна сметка:             840 182 06527

Приходна шифра и програма:  717138 00

Повикување на број:

Цел на дознака:              Уплата на надоместок за прибележување
                                              на градба на градежен објект.



Пример на уплатница за уплата на административна такса во висина од 50,00 денари со цел на дознака надоместок за прибележување на градба на градежен објект

Примач - Буџет на РМ Банка - НБРМ

Трансакциска сметка: 100000000063095

Износ МКД   50,00 денари

Уплатна сметка:             840 177 03161

Приходна шифра и програма:  722313 00



Пример на уплатница за уплата на административна такса во висина од 500,00 денари - цел на дознака - надоместок за запишување на објектот во јавната книга на недвижности

Назив на примачот:           Трезорска сметка- Буџет на Општина Центар

Банка на примачот:            Народна Банка на Република Македонија

Сметка:   100000000063095

Уплатна сметка:             840 182 06527

Приходна шифра и програма:  717138 00

Повикување на број:

Цел на дознака:                    Уплата на надоместок за запишување на објектот 
                                                во јавната книга на недвижности.



Пример на уплатница за уплата на административна такса во висина од 50,00 денари со цел на дознака надоместок за запишување на објектот во јавната книга на недвижности

Примач - Буџет на РМ Банка - НБРМ

Трансакциска сметка: 100000000063095

Износ МКД   50,00 денари

Уплатна сметка:             840 177 03161

Приходна шифра и програма:  722313 00