Административни такси

Известување за промена на административни такси. 
Согласно Закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси (Службен Весник на РМ број 6 од 15.01.2010) се известува Општинската администрација на Општина Центар, дека ќе се применуваат следните

АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ:

ПРИХОДНА ШИФРА 722315

I. ПОДНЕСОЦИ
Тарифен број 1
За барања, молби, предлози, пријави и други поднесоци 50,оо денари
Тарифен број 2

За жалба против решенија донесени од Градоначалникот 250,оо денари
II. РЕШЕНИЈА
Тарифен број 3

За решенија донесени од Градоначалникот 250,оо денари
ЗАБЕЛЕШКА: Ако се донесува едно решение по барање на повеќе лица, таксата според овој тарифен број се плаќа онолку пати колку што има лица на кои им се доставува решението.

За решенија донесени по жалби не се плаќа такса.
Тарифен број 14
За акт врз основа на кој се стекнува право да се започне со вршење на дејност кој го издава Градоначалникот
600,оо денари

АДМИНИСТРАТИВНИ ГРАДЕЖНИ ТАКСИ:
ПРИХОДНА ШИФРА 722315

Тарифен број 80
За издавање на извод од урбанистички план за:

а) градежни објекти до 500 м2l 500 ,оо денари
б) градежни објекти над 500 м2 750 ,оо денари
ж) бензински пумпи со придружни објекти, главни поштенски центри и радиостаници и телевизиски предаватели
2.200,оо денари
Тарифен број 85
За поднесено барање за издавање на решение со кое се одобруваат архитектонско-урбанистички проект и урбанистички проект
3500,оо денари
Тарифен број 86
За поднесено барање за издавање на решение за локациски услови за градење:

- на градби од трета категорија 2.500,оо денари
- на градби од четврта категорија 2.000,оо денари
- на градби од петта категорија 1.500,оо денари
Тарифен број 87

За акт со кој се одобруваат услови за градба за реконструкција, доградба и надградба на градежни објекти
500,оо денари.
Тарифен број 88
За поднесено барање за издавање на одобрение за градење:

- на градби од трета категорија 2.500,оо денари
- на градби од четврта категорија 2.000,оо денари
- на градби од петта категорија 1.500,оо денари
Тарифен број 89
За акт со кој се одобрува

а) поправка на градежни објекти 500,оо денари
б) реконструкција, доградба и надградба на градежен објект 800,оо денари
в) пренамена од еден вид во друг вид на деловен простор 1.000,оо денари
г) пренамена од станбен во деловен простор 1.500,оо денари
Тарифен број 90
За поднесено барање за издавање на одобрение за употреба:

- на градби од трета категорија 3.500,оо денари
- на градби од четврта категорија 2.500,оо денари
- на градби од петта категорија 2.000,оо денари
Тарифен број 91
За поднесено барање за издавање на решение со кое се менува инвеститорот 2.500,оо денари
Тарифен број 92
За поднесено барање за издавање на решение со кое се потврдува дека анексот на основниот проект е изработен во согласност со важечките прописи, нормативи и стандарди за градби за кои не е потребно издавање на одобрение за градење
3.000,оо денари
Тарифен број 93
За поднесено барање за издавање на одобрение за поставување на времени објекти и урбана опрема
1.500,оо денари
Тарифен број 94

За поднесување на жалба против првостепено решение
200,оо денари