Како се добива одобрение за пренамена
Одобрение за адаптација со пренамена се
издава за пренамена од станбен во деловен простор, заклучно со првиот
кат на објектот. За таа цел, барателот поднесува Барање за издавање на одобрение за
адаптација со пренамена, во Општина Центар, барака 3 соба 8
(архива) со претходно извршена уплата на административни такси од 300
денари на претходно наведената жиро сметка за уплата на административни
такси.
При тоа ги доставува и следните прилози:
- доказ за право на сопственост на стан, дел
од стан, помошна просторија во станбен објект, што се пренаменува:
имотен лист и копие од катастарски план (за индивидуален станбен
објект)
- согласност
од мнозинството сопственици на становите, односно деловните простории
во објектот, тоест дел од објектот што претставува функционална и
градежна целина (за повеќесемејни објекти)
- основен проект за постојната состојба и
предвидената пренамена во 4 примероци
Ако со пренамената се врши реконструкција на
конструктивните елементи на објектот, потребно е кон основниот проект
барателот да достави и ревизија на основниот проект во однос на
исполнување на механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита.
По извршувањето на увидот на лице место во
просторот кој е предмет на пренамена (во присуство на барателот) и оцена
на доставените прилози, се врши заверка на основниот проект. Со
заверениот основен проект, барателот обезбедува:
- доказ за регулиран надоместок за регулирање
на градежно земјиште (доплата на разликата за комуналии во Одделението
за уредување и употреба на градежно земјиште во Град Скопје);
- согласност од Управата за
заштита на културното наследство (доколку објектот е споменик на
културата);
- согласност
за заштита од пожари и други согласности кои произлегуваат од
карактерот на намената.
Законот забранува градителот да изврши
реконструкција на конструктивните елементи на градбата без основен
проект. Исто така, законот забранува изведувачот да изведува работи
спротивно на основниот проект, со што се нарушува механичката отпорност,
стабилност и сеизмичката заштита на заедничкиот станбен објект.
По комплетирање на наведените докази се
изготвува Одобрението за пренамена. По извршената уплата на
административни такси по Тарифникот од Законот за административни такси,
се издава Одобрението за адаптација со пренамена (Прилог 9.)во
4 примероци, заедно со заверен основен проект.