1. ИЗВОД ОД ДЕТАЛЕН
УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
Прв чекор во постапката за добивање на
Одобрение за градење е Извод од Детален урбанистички план.
За таа цел се поднесува Барање за извод од Деталниот
урбанистички план (ДУП) во Општина Центар – барака 3 соба 8
(архива на Секторот за урбанизам). Готов формулар за поднесување на
Барањето, се добива во истата архива. (Прилог 1 - готов
формулар)
Со барањето се приложува доказ за
сопственост:
имотен лист и копие од
катастарскиот план.
Овие документи се добиваат во Државниот
завод за геодетски работи - Сектор за премер и катастар - Скопје (кој
се наоѓа во непосредна близина на Педагошката академија).
Барањето се поднесува со извршена уплата во
износ од 300 денари на:
Жиро сметка за уплата
на административни такси
Назив на
примачот: Трезорска сметка - Буџет на Општина Центар
Сметка: 10000000063095
Банка на примачот: Народна банка на РМ
Уплатна сметка: 840-182-03182
Цел на дознака: административни такси
Приходна шифра:722315
Програма:
00
Готовиот извод од ДУП-от се
подига во барака 3 кај соработникот во Одделението за урбанизам што го
изготвил. Информација кој го работи предметот, се добива на телефон
3211-398, со кажување на бројот на предметот.
Пред подигање на готовиот Извод, барателот
треба да изврши уплата на административните такси за изготвениот акт во
вредност определена во тарифникот на Законот за административни такси на
жиро сметка:
Назив
на примачот: Трезорска сметка - Буџет на Општина Центар
Сметка: 10000000063095
Банка на примачот: Народна
банка на РМ
Уплатна
сметка: 840-182-03182
Цел на дознака:
административни такси
Приходна
шифра:722315
Програма: 00
Изводот се добива во рок од 5 работни дена по
доставување на барањето во 4 идентични примероци. (Прилог 2. - Формулар за извод)
2. ДОБИВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА
ЛОКАЦИСКИ УСЛОВИ
- Со издадениот Извод од планот, градителот
бара нумерички податоци и список на индикации од Државниот
завод за геодетски работи - Сектор за премер и катастар - Скопје.
- Градителот обезбедува идеен проект
за идната градба според архитектонските услови, кои
ги содржи претходно издадениот Извод од ДУП-от. Идејниот проект го
изготвува проектант – физичко или правно лице со овластување, односно
лиценца, кој го ангажира градителот (сопственикот на градежното
земјиште или инвеститорот).
Во тек на изготвување на идејниот
проект, вработените во Одделението за урбанизам, се на располагање за
сите стручни консултации за изготвувањето на идејниот проект.
- Градителот поднесува Барање за
издавање решение за локациски услови во Општина Центар –
барака 3 соба 8 (архива). Готов формулар (Прилог 3. - Формулар) се
добива во истата архива, по извршената уплата од 300 денари на
претходно наведената жиро сметка за уплата на административни такси.
- При
тоа се приложуваат наведените докази:
- извод од ДУП (еден примерок)
- доказ за сопственост: имотен лист и копие
од катастарскиот план - оригинали и не постари од 6 месеци
- нумерички податоци ( еден примерок во
оригинал)
- идеен проект (во најмалку два
примероци)
Забелешка: Доколку се утврди
дека на градежната парцела постојат нерасчистени имотно-правни односи во
однос на сопственоста на земјиштето и доколку доставениот идеен проект
не е во согласност со ДУП-от (издадениот Извод), постапката се
запира и барателот се упатува да ги разреши имотно-правните
односи, односно да ја усогласи проектната документација со ДУП-от.
Доколку приложените докази се комплетни и
уредни, се изготвува Решение за локациски услови и се заверува
идејниот проект, во рок од 5 работни денови.
Во Решението за локациски услови се наведени
сите текстуални и графички податоци за условите за градење на
конкретната градежна парцела, утврдени со Закон (Прилог 4. -
Образец). Одделението за урбанизам, за содржината на
издаденото Решение за локациски услови, писмено ги информира
непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува Решението (Прилог
5.).
Готовото Решение за
локациски услови и усвоениот и заверен идеен проект, се подигаат од
барака 3, по извршената уплата на административните такси, во
вредност определена во Тарифникот за административни такси од Законот за
административни такси на претходно наведената жиро сметка за уплата на
административни такси.
Решението за локациски услови
важи една година од денот на неговата конечност, за кое
време барателот треба да обезбеди Одобрение за градење.
ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ ОДОБРЕНИЕ ЗА
ГРАДЕЊЕ
Се поднесување Барање за одобрение за
градење во барака 3 соба 8 (архива) каде што се добива и готов
формулар (Прилог 6.) кој треба да се пополни. Со
барањето и доказот за уплатени такси во вредност од 300 денари на
претходно наведената жиро сметка, се приложуваат и следните документи:
- Решение за локациски услови за
градење (претходно издадено од Општина Центар)
- идеен проект (претходно одобрен од Општина
Центар)
- комплетен
основен проект, со сите фази, од кои фазата архитектура во најмалку 4
примероци
- комплетна
ревизија на основниот проект (се однесува за сите фази, а се доставува
во 1 примерок)
- писмен
извештај и согласност за извршена нострификација доколку проектот е
изработен во странство
- одобрена студија за оценка на влијанието на
проектот врз животната средина (се добива од Министерството за заштита
на животна средина)
- одобрена студија со позитивна оценка на
остварениот квалитет на сеизмичката заштита на објектот
Во текот на постапката градителот и
Одделението за урбанизам во Општина Центар (по службена должност)
обезбедуваат:
- протокол - акт за регулациона, градежна и
нивелациона линија со определување на површина за изградба (се издава
во Општина Центар)
- енергетска
согласност (се добива во АД ЕСМ, Електродистрибуција - Скопје)
- доказ за платени комуналии (се
регулираат во Одделението за уредување и употреба на градежно земјиште
во Град Скопје)
- согласност
од институции во зависност од категоријата на објектот, како:
- согласност на елаборат за
заштита од пожари
- согласност од надлежна институција за
заштита на градителско наследство (од Управа за заштита на
градителско наследство)
- согласност на елаборатот за сообраќај и др.
Одобрението за градење се изготвува
во рок од 7 дена од комплетирањето на наведената документација, во
барака 3 во Одделението за урбанизам.
Пред да се издаде одобрението за градење,
барателот е должен да плати надоместок за финансирање на изработка на
Просторниот план на Републиката и урнабистичките планови во износ од
0,3% од просечната плата во Републиката од претходната година, по метар
квадратен од површината за градење согласно основниот проект за изградба
на нова градба и доградба на постојна градба, на жиро сметка:
Назив
на примачот: Трезорска сметка - Буџет на Општина Центар
Сметка: 10000000063095
Банка на примачот: Народна
банка на РМ
Уплатна
сметка: 840-182-06275
Цел на дознака: надоместок
за изработка на просторни и урбанистички планови
Приходна шифра:724112
Програма:
00
Потоа градителот треба да
изврши и уплата на административни такси во вредност определена со
тарифникот на Законот за административни такси, на жиро сметка:
Назив
на примачот: Трезорска сметка - Буџет на Општина Центар
Сметка: 10000000063095
Банка на примачот: Народна
банка на РМ
Уплатна
сметка: 840-182-03182
Цел на дознака:
административни такси
Приходна
шифра: 722315
Програма: 00
Готовото Одобрение за градење (Прилог
7.) се издава на градителот во 4 примероци заедно со 2
примероци заверен основен проект - фаза архитектура.
Одобрението за градење престанува да
важи доколку не се отпочне со градба во рок од две години од денот на
конечноста на истото.
Доколку во текот на изградбата се случиле
измени со кои не се отстапува од условите за градење предвидени со ДУП,
односно од издаденото Решение за локациски услови, градителот доставува Барање
за дополнување на дел од основниот проект, како анекс на
основниот проект, со прилози (потврди, согласности и др.) кои
произлегуваат од карактерот на измената.
Анексот на основниот проект се заверува
и по потреба се издава дополнително Одобрение кое е составен дел на
веќе издаденото Одобрение за градење.
Заверениот анекс на основниот проект и
основниот проект, се основа за изработка на проект за изведена состојба
на градбата, потребни за издавање на Одобрение за употреба.
ФОРМИРАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДИЛИШТЕ
По добивањето на Одобрението за градење и
конечноста на истото, а пред почетокот на изведување на градбата, градителот
е должен да ги почитува следните прописи од Законот за градба:
- да го загради градилиштето со соодветна
ограда поради спречување на неконтролиран пристап до истото и
обезбедување заштита на минувачите покрај градилиштето;
- да го означи градилиштето со
информативна табла која го содржи називот на учесниците во изградбата,
називот и видот на градбата, бројот и датумот на издаденото Одобрение
за градење;
- да го
пријави започнувањето на изградбата во рок од 8 дена пред започнувањето
на истата, до Одделението за урбанизам, до градежната инспекција во
Општина Центар, како и до трудовата инспекција.
Пред почетокот на изведувањето на земјените
работи во градежната парцела, градителот е должен да обезбеди
обележување на проектираната градба на теренот со соодветни знаци. Тоа
го врши овластен геодетски инженер, кој изготвува записник за
спроведување на актот за градежна регулациона и нивелациона линија. Во
тек на градбата, задолжителна е контролата на горенаведеното обележување
на градбата.