пред 18 часа, фев 06 2012 во 09:17
Ве известуваме дека Општина Центар донесе Одлука, основните училишта кои припаѓаат на Општина Центар – Скопје, заради ниските темпрератури, наставата од 06.02.2012 до 10.02.2012 година, ќе започнува во 09:00 часот.
Часовите ќе се држат според постоечкиот распоред на часови, но ќе бидат скратени за 10 минути, односно еден час ќе трае 30 минути. Наставата за учениците кои посетуваат настава со продолжен престој ќе се организира во договор со родителите.
|
пред 4 дена, фев 03 2012 во 12:49

По обилните снежни врнежи, надлежните од Општина Центар, постојано ја следат состојбата на терен и интервенираат според потребите. Мобилните екипи во текот на овие два дена излегоа на терен и навремено ги расчистуваа новите снежни вренежи со две специјални возила соларки.
|
пред 5 дена, фев 02 2012 во 16:00
Кошаркарскиот клуб "Работнички”-Скопје е најтрофеен и најпопуларен клуб во Република Македонија од сите колективни спортови, кој во овие 65 години на спортски живот се уште е активен, борејќи се на паркетот во Македонија и Европа.
Салата на клубот се наоѓа во Градскиот парк, на територија на Општина Центар и секогаш е полна со спортисти кои секојдневно тренираат и се натпреваруваат. Исто така, Центар е Општина во која живеат и творат со спортско срце голем број на спортисти.
|
пред 5 дена, фев 02 2012 во 15:33
 Со цел да овозможи поголемо учество и опфат на невработени лица кои се заинтересирани своето вработување да го решат преку Програма за самовработување, Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, на ден 01.02.2012 година, повторно објавува ЈАВЕН ОГЛАС до невработените лица.
|
пред 5 дена, фев 02 2012 во 12:25
Општина Центар, во соработка со Здружение на граѓани ОРТ, Скопје и ЈП Комунална Хигиена, започнува спроведување на проект за собирање отпадна пластична амбалажа и нејзина преработка, насловен „Собери ПЕТ да добиеш 5" со цел намалување на пластичниот отпад од вкупниот отпад во депонијата Дрисла.
|
пред 6 дена, фев 01 2012 во 12:45
 Општина Центар продолжува со инвестиции во нови паркинг места на територијата на општината. Денеска официјално беше отворен новиот двокатен монтажен паркинг, поставен кај улицата "Народен Фронт" во Капиштец, една од најфреквентните и најгусто населените населби во градот Скопје. Со изградбата на монтажниот паркинг, бројот на паркинг места на веќе постоечкиот паркинг простор ќе се зголеми за дополнителни 135 паркинг места во првата фаза, а со целосната изградба на монтажниот паркинг, жителите на населбата Капиштец ќе добијат нови 500тини места за паркирање.
|
пред 1 недела, јан 31 2012 во 13:19
 Општина Центар, во соработка со консултантската организација ЦеПроСард од Скопје, започна со спроведување на проектните активности за изработка на стратешки документ ЛЕАП на Општина Центар.
Документот е законска обврска за Општините согласно Законот за животна средина, се изработува по Методологијата на Министерството за животна средина и се донесува за период од 6 години.
|
пред 2 недели, јан 30 2012 во 15:07
 Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на 17.01.2012 година, објавува ЈАВЕН ОГЛАС до невработените лица.
|