Награда Феникс

Наградата Феникс се доделува на физички и правни лица од Општината центар и од Република Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштита и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата Феникс се доделува согласно Одлуката за утврдување награди и признанија на Општината Центар како и Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина центар - Феникс.

Досегашни добитници на наградата се: