Надлежност на Општината
1. Планирање и уредување на просторот
- покренување иницијативи за донесување, измена и дополнување на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје;
- давање мислења по нацртите на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје;
- донесување детални урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места во општината;
- спроведување урбанистички планови и проекти и издавање документација за изградба на објекти од локално значење /услови за градба, урбанистичка согласност, одобренија за градење/;
- издавање одобренија за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема; и
- уредување на градежно земјиште во делот на опремување на градежното земјиште со објекти и инсталации од секундарната инфраструктура.
2. Заштита на животната средина и природата
- покренување иницијативи и преземање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и од нејонизирачко зрачење.
3. Локален економски развој
- планирање на локалниот економски развој на општината;
- утврдување развојни и структурни приоритети на општината, и
- поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и претприемништвото во општината.
4. Комунални дејности
- изградба, одржување, реконструкција и заштита на серцисни и станбени улици и други инфраструктурни објекти;
- одржување на јавната чистота на сервисните и станбените улици;
- организирање, изнесување и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад;
- изградба и одржување на јавно осветлување на станбени и сервисни улици на подрачјето на општината;
- одржување на гробовите и гробиштата и давање погребални услуги на општинските гробишта утврдени со урбанистички план;
- изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината утврдени со урбанистички план;
- одржување и користење на зеленилото на сервисните и станбените улици;
- отстранување на нерегистрираните моторни и други возила од јавните површини;
- одржување и користење на јавните пазари;
- дезинфекција и дератизација, и
- изградба и одржување на јавни санитарни јазли.
5. Култура
- институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за општината;
- негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
- организирање културни манифестации, поттикнување на разновидни специфички форми на творештво; и
- одбележување на настани и личности од значење за општината.
6. Образование
- основање, финансирање и учество во управувањето со основните училишта на нејзиното подрачје, во согласност со закон;
- именување директори на основните училишта, во согласност со закон, и
- превоз и исхрана на учениците во училиштата од нејзина надлежност, во согласност со закон.
- поттикнување и помагање на училишниот спорт.
7. Социјална и детска заштита
- сопственост, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи за деца – детски градинки, во согласност со закон, и
- преземање мерки од областа на социјалната заштита во согласност со закон.
8. Здравствена заштита
- преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; - здарвствено воспитување;
- унапредување на здравјето;
- превентивни активности;
- здравствен надзор над животната средина и над заразните болести, и
- помош на пациенти со специјални потреби.
9. Заштита и спасување
- зштита и спасување на граѓани и материјалните добра од воени разурнувања и елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
10. Надзор