фев
1

ОТВОРЕН НОВИОТ ДВОКАТЕН МОНТАЖЕН ПАРКИНГ ВО КАПИШТЕЦ

 Акции и проекти


Општина Центар продолжува со инвестиции во нови паркинг места на територијата на општината. Денеска официјално беше отворен новиот двокатен монтажен паркинг, поставен кај улицата "Народен Фронт" во Капиштец, една од најфреквентните и најгусто населените населби во градот Скопје. Со изградбата на монтажниот паркинг, бројот на паркинг места на веќе постоечкиот паркинг простор ќе се зголеми за дополнителни 135 паркинг места во првата фаза, а со целосната изградба на монтажниот паркинг, жителите на населбата Капиштец ќе добијат нови 500тини места за паркирање.
"Со оваа инвестиција, конечно го решаваме еден од најголемите проблеми на жителите на населбата Капиштец, а тоа е наоѓањето на слободен паркинг простор. Една од главните заложби на oпштина Центар и понатаму ќе остане изградбата на нови објекти од овој тип, како и проектирање на целосно нови паркинг простори. Факт е дека дневната фреквенција на возила во нашата општина е најголема, со оглед на тоа дека Центар е главната артерија на сите бизнис и административни центри во градот Скопје, но и на цела Република Македонија. Од тука наша одговорност е, покрај на жителите на општината, да им обезбедиме непречено паркирање и на сите граѓани кои за своите дневни обврски или за исполнувањето на своите работни активности доаѓаат во нашата општина", изјави градоначалникот на oпштина Центар, Владимир Тодоровиќ на свеченото отворање на монтажниот паркинг.
За изградба на првата фаза од изградбата на монтажниот паркинг во Капиштец, општината издвои 41 425 142 денари, додека вкупната вредност на монтажниот паркинг со вкупен капацитет од 500 нови паркинг места изнесува 136 705 216 денари. Монтирањето, го изврши компанијата "Масон инженеринг”, а после комплетирањето на монтажниот паркинг, од општината најавуваат и хортикултурно уредување на просторот, како и поставување на урбана опрема.


Превземања: 3
Превземања: 3
Превземања: 3
Превземања: 4
 
Како би ја оцениле оваа информација

1 2 3 4 5
Најлошо Најдобро

Оценување:
1 2 3 4 5
 1 ја имаат оценето оваа содржина

Оставете коментар

Ве молиме најавете се за да оставите коментар