Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е претпријатие формирано од Општина Центар, со Одлука на Совет на Општина Центар број 07-2625/4 од 18.12.2006 година и Решение за Упис во Централен регистар на Република Македонија од13.03.2007. Скратениот назив на Јавното претпријате за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНИЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е правно лице основано со цел организирање,управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта на територија на Општина Центар, пред се во насока на ефикасно и квалитетно задоволување на потребите на граѓаните на Општина Центар и секако решевање на сообраќајниот метеж и проблемот со паркирање во централното градско подрачје.
Јавното претпријатие вршејќи ја основната дејност за која е основано, постојано утврдува и изнаоѓа нови и ги усовршува постојните услуги следејќи ги современите европски и светски трендови и практитки на давање на услуги за користење на јавни паркиралишта, притоа реализирајќи ја својата визија да стане водечка компанија и пример во својата дејност.
Со Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје управува и раководи Директор именуван од Градоначалникот на Општина Центар,врз основа на јавен конкурс. Директор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје Маргарита Бакев.
Во рамките на претпријатието функционираат 3(три) сектори:
- Сектор за правни и општи работи и човечки ресурси
- Сектор за јавни паркиралишта и пајак
- Сектор за буџет, финансии и сметководство
ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје во моментот управува и го организира паркирањето на 4(четири) јавни паркиралишта:
- ПАРКИРАЛИШТЕ ТРГОТЕКСТИЛ
- ПАРКИРАЛИШТЕ ЗЕЛЕН ПАЗАР
- ПАРКИРАЛИШТЕ АУТОМАКЕДОНИЈА
- ПАРКИРАЛИШТЕ ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ
На сите јавни паркиралишта со кои управува Јавното претпријатие, приоритет се дава на граѓаните на Општина Центар на кои согласно востановената деловна политика и начинот на организирање наработата на паркиралиштата, им се гарантира пристап и користење на јавното паркиралиште. Работното време на јавните паркиралишта е 24 часа, секој ден, со што всушност и се оправудува постоењето на јавните паркиралишта како јавен сервис на граѓаните, со што трајно и во континутиет се води грижа за правилен,ефикасен и непречен режим на сообраќајот на самите паркиралишта, што наидува на огромна благодарност и одобрување од граѓаните.
ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР- Скопје, со цел задоволување на потребите на граѓаните и пред се во пресрет на нивните барања, имајќи ја во предвид нивната економско-социјална положба,го развива и понатаму ќе го усовршува пакетот на услуги и цени кој го нуди, истовремено имајќи ја пред себе и визијата на ова претпријатие да прерасне во предводник во дејноста која ја врши и секако да ја оправда основната цел за сопственото постоење.
На граѓаните на Општина Центар кои имаат сопствен паркинг простор(гаража,подземен или надземен простор) ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР им овозможува непречен влез до својот паркинг простор со издавање на картички без надомест.
За граѓаните-станари кои имаат адреса на живеење на јавните паркиралишта со кои управува ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, претпријатието издава картички со повластени цени со месечен надомест од 200,00 денар плус 18% ДДВ.
За сите останати корисници надоместот е определен согласно Ценовникот на услуги на Јавните паркиралишта со кои управува ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.
За разлика од другите во оваа дејност, ние како јавно претпријатие нудиме пакет на услуги и цени, достапни за секого со право на избор на услуга и цена.
И понатаму заедно со Општина Центар,како наш основач, ќе се развиваме со што ќе го развиваме и усовршуваме пакетот на услуги и цени кои ќе бидат прифатливи и достапни на граѓаните на Општина Центар како крајни корисници.