Флеш вести

Општина Центар е една од 10-те скопски општини. Нејзината положба е сепак централна, и затоа една од најбитните за ликот на градот Скопје.
 
Активност
19.11.2008.

АКТИВНОСТИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ПО ПОВОД АКЦИЈАТА ДЕНОТ НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

 Општина Центар се вклучи во големата акција на Владата на РМ и ЈП Македонски шуми, ДЕН НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА која се одржа денес. Граѓаните и учениците од Општина Центар засадија неколку стотици дрвца на локацијата Текиски рид. За таа цел Општината обезбеди 12 автобуси со кои на секои 2 часа беа превезувани сите заинтересирани граѓани.  Исто така  и учениците од прво до шесто оделение денеска засадуваа  садници во училишните дворови.

По повод Денот на дрвото како подарок од Општината Возраждање (Софија), делегација од оваа збратимена општина со Општина Центар, предводена од градоначалничката Ева Сеизова, засадија рози и зимзелени садници во Паркот на Франкофонија. На садењето на розите им се придружија градоначалничката на Општина Центар Виолета Аларова, амбасадорот на Република Бугарија Михаил Михов, како и маестро Борис Трајанов како претставник на Одборот за акцијата и гостинот од Бугарија Љубомир Левчев, истакнат поет и писател.

Последно освежување ( 19.11.2008. )
 
Народна Кујна
6.11.2008.

Хуманост на дело

ОПШТИНА ЦЕНТАР ОТВОРИ НАРОДНА КУЈНА

Општина Центар во соработка со Министерството за труд и социјала, ја отвари првата народна кујна на територијата на Општината. Просторијата во која ќе се делат топлите оброци се наоѓа во  урбаната заедница „Р.Ј.Корчагин“ во Маџир маало (зад комплексот банки).

Според податоците добиени од Одделението за социјални работи на подрачјето на Општина Центар при Министерството за труд и социјала, станува збор за 100  корисници на народната кујна од Општината, кои ќе можат од понеделник до петок да добиваат топол оброк.

За реализација на овој проект, Општина Центар го обезбедува просторот каде што ќе се дели храната, лицето задолжено за тоа и опремата за подготовка и диструбуција на храната, а Министерството за труд и социјала ги обезбедува средствата за подготовка на храната.

На отварањето на народната кујна  присуствуваа Градоначалничката на Општина Центар и Министерот за труд и социјала Џељал Бајрами, кои на присутните им ги поделија првите оброци.

-Би било многу подобро ако на оваа категорија граѓани им отвориме нови работни места, а додека створиме такви услови, да им обезбедиме барем еден оброк дневно, - рече министерот Бајрами.

-Посебно сум возбудена што оваа народна кујна се отвара тука на улицата Ѓуро Ѓоновиќ, улицата во која што сум се родила и јас. Во ова маало луѓето отсекогаш се помагале едни со други и еве од денеска хуманоста продолжува, - истакна градоначалничката Аларова.

Оваа категорија на граѓани, корисници на народната кујна во Општина Центар се и корисници на социјална помош, која за жал е недоволна за да ги подмират скромните животни потреби. Но од денеска, тие ќе имаат една грижа помалку – како да обезбедат барем еден оброк за себе и за своето семејство.

Последно освежување ( 6.11.2008. )
 
Соопштение
28.10.2008.

Врз основа на член 24 и член 26 став 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (пречистен текст) /“Службен весник на РМ” бр.24/08/, Градоначалникот на Општината Центар, го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од Урбаната заедница Раде Јовчевски Корчагин дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за организирање

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог на Детален урбанистички план за градска четврт Маџир Маало Општина Центар – Скопје.

 Границите на опфатот се :

  • Северозапад: трасата на булеварот Кочо Рацин се до мостот на реката Вардар;
  • Север: од мостот на реката Вардар кон запад по кејот на реката Вардар се до Транспортниот центар;
  • Североисток: трасата на улица Никола Карев;
  • Југоисточно: следејќи ја трасата на ул. Никола Карев.

Јавната презентација на Предлог на Детален урбанистички план за градска четврт Маџир Маало Општина Центар – Скопје ќе се одржи во просториите на УЗ Раде Јовчевски Корчагин на ден 29.10.2008 година (среда) во 10,00 часот.

Предлог на Детален урбанистички план за градска четврт Маџир Маало Општина Центар – Скопје ќе биде изложен во просториите на УЗ Раде Јовчевски Корчагин 10 работни дена, сметано од денот на објавувањето на Соопштението, секој работен ден од 10-17 часот.

Контакт телефон 3203 605

Во определениот рок заинтерисираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

                                                                             ОПШТИНА ЦЕНТАР

Последно освежување ( 28.10.2008. )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 7 од 23

Времето во Европа

Скопје
---
joomla templates by dezinedepot
© 2008 Општина Центар
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.