Кочо Рацин
Згрижувачката и воспитно-образовната
дејност се остварува во четири
работни единици-објекти
(сите лоцирани на територијата на општина
Центар) и тоа:
- КОЧО
РАЦИН-
матичен објект, ул. Козара б.б. ,тел.3178-789 ;
- НАУМ
НАУМОВСКИ БОРЧЕ- работна единица,ул. Борка Талески
бр.50,тел 3245-314;
- БЕЛИ
МУГРИ-
работна единица, ул. Ацо Караманов б.б.,тел.3178-253 и
- ПАНОРАМА
-
работна единица,ул.Тасино чешмиче б.б.,тел. 3177-675
Воспитните групи, јасли
и градинка (вкупно 31 група) се сместени во
соодветни простории
- занимални (соби за дневен престој), во кои
непречено се остваруваат активностите поврзани со секојдневниот
живот на децата: нега,
исхрана, хигиена, одмор, а пред се, игри,
слободни активности,
организирани воспитно-образовни активности,
родендени, прослави,
средби со родителите и др.
Во сите работни единици
постојат различни услови за работа, пред се,
имајќи ја во предвид
градбата, функционалноста и искористеноста на
објектите, но, во поглед
на опремата, играчките, дидактичкиот и
другиот работен материјал, не постојат
големи
разлики бидејќи во
последните години донекаде
успеавме да ги надминеме,но и да ги
подобриме условите
за работа. Особено внимание посветуваме на
тековното одржување
на објектите, на одржување на хигиената, на
естетскиот изглед на
просториите, ходниците, заедничките простории,
на дворните површини и сл.
Целосниот извештај на градинката можете да го првземете подоле.