13ти Ноември
ЈУДГ ОЦ ,,13 Ноември,, -Скопје целосно гравитира на територијата
на
општина Центар -Скопје. Капацитетот на установата изнесува
630 деца,
а опфатени се 618 деца, распоредени во 4 објекти, со исклучок
на
објектот ,,Слобода,, чиј капацитет е 20 деца и истиот
од 2003 год. не се
користи за потребите на градинката.
Просторните услови прикажани по објекти се следните:
- Во Матичниот објект на ул.”Никола Тримпаре”17а
опфатени се 219 деца чиј престој е организиран во солидни
просторни
услови за престој на деца од 9 месеци до поаѓање во училиште.
Во овој
објект сместена е централната кујна и административно-техничка
служба. Сите заедно без тешкотии ги опслужуваат останатите
работни
објекти во составот на Градинката.
- Во објектот "Јасмин” на ул.”Мито Хаџивасилев
Јасмин”бб
опфатени се 202 деца на возраст под 9 месеци до поаѓање
во училиште.
- Објектот "Парк” на ул.”Наум Наумовски Борче”бб
опфатени се164 деца на возраст од 9 месеци до поаѓање
во училиште.
- Објектот ,,Кукушка,, на улица ,,Кукушка,, бб е
објект од
тврда градба со опфатени 33 деца.
- Објектот "Слобода” е објект од тврда градба во станбена
зграда која од септември 2003 година е превземена од МТСП
со цел да
се пренамени за други потреби, а во тек е постапка да
се врати објектот
и да се користи за потребите на градинката, односно за
престој на деца
од 2-6 год.
Во солидно архитектонски-педагошко-психолошки и здравствено
хигиенски услови се организира престојот на децата од
9 месеци до
поаѓање во училиште,
опфатени со целодневен престој, со
централизирана исхрана, одржување на постелнина-перални,
заедничката
служба за одржување, управно економска служба,
служба за
раководење, и педагошко-психолошка и здравствено хигиенска
стручно
инструктивна служба.
Целосниот извештај на градинката можете да го првземете подоле.