Електронски дневник

Апликацијата "Електронски Дневник”  почна да функционира од 09.02.2010 година кога на web страната на Општина Центар: www.opstinacentar.gov.mk,  се постави линкот http://ednevnik.opstinacentar.gov.mk  кој води до истата.

Се работи за проект кој го организира и имплементира Општина Центар. Апликацијата ја изработи фирмата  SEAVUS.

Целта на апликацијата Електронски дневник е комплетно следење на образованието на децата од страна на родителите  , во смисла на :

  • оценки
  • изостаноци
  • распоред на часови
  • темите кои децата ги работат на часот
  •   и било какви забелешки кои наставникот сака да му ги пренесе на родителот

Информациите родителот може да ги добие од било кое место каде има пристап на интернет.



Elektronski dnevnikЕЛКТРОНСКИ ДНЕВНИК