Администрација
Внатрешната организација на Општинската администрација се утврдува во зависност од надлежностите на Општината утврдени со закон, групирањето на работите и задачите според видот, обемот, сложеноста, нивната меѓусебна сродност и поврзаност, како и други услови потребни за утврдување на внатрешната организација.
Општинската администрација:
-
Ги подготвува актите за советот и градоначалникот;
-
Ги подготвува седниците на
советот, како и
седниците на неговите постојани и
привремени комисии;
-
Врши стручни работи за советот и за градоначалникот;
-
Го води сметководството на Општината;
-
Ја следи проблематиката во областите од надлежност на Општината, врши анализа на
состојбата и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
-
Доставува информации и податоци во врска со активностите на Општината на барање
на надлежните органи или врз основа на закон;
-
Ракува со документите на Општината, ги чува се до нивното уништување, односно
предавање на Државниот архив на Република Македонија ; и
-
Врши и други работи што ќе и ги определи советот и градоначалникот.
Општинската администрација се организира во сектори и одделенија.
Општинската администрација ја сочинуваат:
- Секторот за поддршка на градоначалникот;
- Секторот за правни и организациони работи;
- Секторот за финансии;
- Секторот за локален економски развој;
- Секторот за урбанизам;
- Секторот за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина;
- Секторот за јавни дејности;
- Секторот за инспекциски работи - Општински инспекторат;
- Одделението за внатрешна ревизија;
- Одделението за човечки ресурси.
За повеќе и подетални информации превземете ја Одлуката
за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинска администрација на Општината Центар -
Скопје.
|
Одлука за организација на администрацијата
Delete
|
|
|
|
Правилник за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Центар
Delete
|
|
|