фев
2

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОБИ БЛАГОДАРНИЦА ПО ПОВОД 65 ГОДИНИ ОД КК “РАБОТНИЧКИ”

 Настани


Кошаркарскиот клуб "Работнички”-Скопје е најтрофеен и најпопуларен клуб во Република Македонија од сите колективни спортови, кој во овие 65 години на спортски живот се уште е активен, борејќи се на паркетот во Македонија и Европа. 
Салата на клубот се наоѓа во Градскиот парк, на територија на Општина Центар и секогаш е полна со спортисти кои секојдневно тренираат и се натпреваруваат. Исто така, Центар е Општина во која живеат и творат со спортско срце голем број на спортисти.  

Овој голем јубилеј-65 години од формирањето на клубот, беше крунисан со доделување на благодарници на свои поранешни и сегашни спортисти, спортски работници, јавни личности и институции, кои несебично помогнале во равојот и работењето на "Работнички”, вложувајќи во иднината на македонската кошаркарска генерација.      

Покрај легендите на клубот Работнички, кои беа собрани на едно место, Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, Марин Докузовски, Јорданчо Давитков, како и навивачката група "Сити парк бојс”, и Општина Центар доби благодарница за несебичната поддршка и придонес во исполнувањето на целите на клубот.  Претседателот на клубот Златко Тодоров му ја додели благодарницата на градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ. На овој свечен настан беше одигран и пријателски натпревар со кошаркарската екипа на Црвена ѕвезда од Белград.  

Превземања: 5
Превземања: 4
Превземања: 6
 
Како би ја оцениле оваа информација

1 2 3 4 5
Најлошо Најдобро

Оценување:
1 2 3 4 5
 3 ја имаат оценето оваа содржина

Оставете коментар

Ве молиме најавете се за да оставите коментар