100 ДЕНА ГРАДОНАЧАЛНИК

Општина Центар деновиве ја објави брошурата 100 ДЕНА ГРАДОНАЧАЛНИК.
Во неа се опфатени сите поактуелни активности на Општината од областа на инфраструктурата, урбанизмот, комуналните работи, животната средина, за реализираните реконструкции во основните училишта и градинките, за новопоставената урбана опрема и детски игралишта, меѓународните активности, манифестации, реализирани во текот на првите 100 дена од работата на градоначалникот Владимир Тодоровиќ.
Брошурата е достапна за сите заинтересирани жители во информативниот центар на Општината, како и во урбаните заедници.
„Изминаа 100 дена од моето стапување на должност како градоначалник Започнавме темелна преобразба на Општината, општинската администрација прераснува во вистински сервис на граѓаните, но и на односот на нејзините жители кон неа, благодарение на речиси секојдневните средби и разговори што ги реализирав со нив. Првите 100 дена се само почеток на она што ќе се случува во следните 4 години, бидејќи мене луѓето не ме паметат по кажаното, туку по направеното", вели меѓу другото градоначалникот Тодоровиќ во обраќањето во новообјавената брошура.